15 декември 2025
• од Станча Јаќимовски
Кучињата скитници, особено во Скопје, претставуваат сериозна закана за безбедноста на граѓаните, а досега недостасуваат конкретни и ефикасни решенија за надминување на овој проблем. Освен директниот ризик по здравјето и сигурноста на населението, нападите од кучиња без сопственик создаваат и значителен финансиски товар за општините и за Градот Скопје. Јасен пример за ваквата состојба доаѓа од Општина Велес.
Според податоците од локалната самоуправа, Општина Велес во првите 11 месеци од годинава исплатила рекордни 11,8 милиони денари како отштета на граѓани кои биле каснати од кучиња скитници. Бројот на пријавени случаи бележи значителен пораст, а меѓу оштетените има и цели семејства кои биле нападнати, како и лица кои биле каснати повеќепати.
Во еден од евидентираните случаи, исто лице било нападнато дури четири пати од кучиња скитници, по што добило соодветна парична отштета. Од општинските власти посочуваат дека најголемиот дел од средствата се исплатени врз основа на судски одлуки, што сериозно го оптоварува општинскиот буџет.
И покрај тоа, проблемот со кучињата без сопственик останува нерешен и продолжува да предизвикува загриженост кај граѓаните. Од Општина Велес најавуваат дека во наредниот период ќе се бараат долгорочни решенија за намалување на бројот на кучиња скитници, како и мерки за зголемување на безбедноста во јавните простори, со цел спречување на нови напади и избегнување на дополнителни финансиски трошоци.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

