23 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на продолжениот викенд од 19 до 22 март 2026 година биле спроведени засилени контроли на угостителски објекти на подрачјето на општина Аеродром, со фокус на спречување на точење алкохол на малолетни лица.
Акцијата ја реализирале полициски службеници од ЕВР Аеродром и Драчево при СВР Скопје, како дел од пошироки активности за санкционирање на прекршувањата на законските прописи во угостителската дејност.
Според информациите од МВР, вкупно биле контролирани 12 угостителски објекти, при што во три од нив биле затекнати малолетници на кои им биле послужени алкохолни пијалоци.
Надлежните посочуваат дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени кривични пријави против одговорните лица, согласно член 204 од Кривичниот законик, кој се однесува на „точење алкохол на малолетници“.
Од МВР најавуваат дека ваквите контроли ќе продолжат и во наредниот период, со цел зголемување на безбедноста и доследно почитување на законите, особено кога станува збор за заштита на малолетните лица.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

