17 мај 2025
• од Вардарски
Секторот за внатрешни работи Велес поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Велес против три лица осомничени за подметнување пожар во викенд куќа во близина на село Капиново, општина Чашка.
Осомничените се Ѓ.П. (56) од село Ореше, општина Чашка, и двајца прилепчани – С.М. (40) и Д.Д. (37). Против нив е поднесена пријава за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“, согласно член 288 во врска со член 22 од Кривичниот законик.
Инцидентот се случил на 10 мај 2025 година, кога во 10:35 часот било пријавено дека избувнал пожар во викенд куќа сопственост на Д.Ј. (32) од Скопје. Интервенирала Територијалната противпожарна единица од Велес, која успешно го изгаснала пожарот. За среќа, повредени лица нема, но материјалната штета е значителна, бидејќи куќата е целосно зафатена од огнот.
Истражните дејствија на криминалистичката полиција од Велес, БЈБ и ОВР Прилеп утврдиле дека осомничените пристигнале со патничко возило марка „Опел“ со прилепски регистарски таблички, насилно влегле во викенд куќата и предизвикале пожар користејќи запалива течност.
Двајца од осомничените, Ѓ.П. и Д.Д., се приведени и задржани во полициска станица на 16 мај, додека полицијата презема мерки за лоцирање и приведување на третото лице, С.М.
Истрагата продолжува, а надлежните органи ќе утврдат дополнителни околности поврзани со мотивите и евентуалната поврзаност на сторителите со оштетениот.
Зголемени плати и нови инвестиции во големо државно фабричко претпријатие во Бугарија
Расчистен случајот со пукањето во Тетово – лишени од слобода двајца малолетници