30 јануари 2026
• од Гоце Кически
Став објавен на социјалните мрежи од бугарскиот јавен коментатор Кристиjан Шкварек повторно ја разгоре дебатата за односите меѓу Северна Македонија и Бугарија, во момент кога македонската влада одбива уставни измени за вклучување на Бугарите во Преамбулата – услов што останува клучен за деблокирање на пристапните преговори со Европска Унија.
Во својата објава, Шкварек тврди дека македонската држава нема проблем во Уставот да ги наведува Власите, Србите, Турците, па и Ромите, ниту пак да се соочи со економското влијание од Грција, политичкото од Србија или демографското од Албанците. Но, кога станува збор за Бугарите и Бугарија, според него, се појавува „хистеричен страв“ кој резултира со одбивање не само на уставното признавање, туку и на медиумска соработка, инфраструктурни врски и поширока комуникација.
Овој наратив, ја отвора суштинската точка што македонската влада упорно ја заобиколува: зошто токму бугарското прашање предизвикува толкава политичка блокада? Наместо рационален пристап кон европските услови и реалностите на регионот, Скопје продолжува со политика на одложување и конфронтација, со што директно ги загрозува националните интереси – членството во ЕУ и долгорочната стабилност.
Критичарите на владата укажуваат дека одбивањето на уставните измени не е заштита на идентитетот, туку калкулација за внатрешно-политички поени. Во меѓувреме, земјата останува закочена во чекалната на ЕУ, додека соседите напредуваат. Тврдењето дека вклучувањето на Бугарите во Уставот претставува „закана“ е во директна спротивност со европските стандарди за права на малцинствата – стандарди што Северна Македонија веќе ги применува за други заедници.
Објавата на Шкварек, ја потсетува јавноста на едноставна вистина: европската интеграција не се постигнува со бегство од тешките прашања. Додека владата одбива да преземе јасен и храбар чекор, цената ја плаќаат граѓаните – со изгубено време, изгубени можности и сè подлабока меѓународна изолација.
Не Бугарија, не Брисел – туку Мицкоски: вистинската причина за застојот кон ЕУ
Кривична пријава против Марко Беслимовски за штета од над 14 милиони денари
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

