27 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Во Скопје денеска се одржа 24-тата редовна седница на Мешовитиот парламентарен комитет помеѓу Македонија и Европската Унија, познат и како Парламентарен комитет за стабилизација и асоцијација. На настанот свое обраќање имаше бугарскиот европратеник Андреј Ковачев од партијата GERB, кој истакна дека оваа година, за првпат, European Commission презентира индикативни рокови за членство на земјите кандидати – „Црна Гора 2026, Албанија 2027, Молдавија и Украина 2028-29“.
Според Ковачев, поставувањето вакви временски рамки е позитивен сигнал за регионот и покажува дека со интензивни и суштински реформи, проширувањето на ЕУ со нови членки до 2030 година е реално остварлива цел.
Во интервју за медиумот Euronews Bulgaria, европратеникот ги посочи Црна Гора и Албанија како држави кои се „најблиску до целосно членство“, додека останатите земји од регионот, според него, значително заостануваат.
Ковачев беше особено остар кон Северна Македонија, оценувајќи дека таа „сама се блокира“ во евроинтеграциите, поради, како што кажа, одбивањето на владата во земјата да ја спроведе веќе договорената Преговарачка рамка со ЕУ.
„Државата е иста. Постои континуитет… Нема повторно преговарање на Преговарачката рамка. Тоа не е опција“, нагласи тој.
Во својот настап, европратеникот се осврна и на нападот врз публицистот и член на бугарската заедница во Македонија, Владимир Перев, кој беше критикуван поради јавно изразени ставови. Ковачев раскажа дека му биле упатувани зборовите „Оди во Бугарија“, што, според него, создава „опасна и токсична атмосфера“.
Тој оцени дека таквата реторика е идентична со говорот на омраза, кој одредени политички кругови во земјата го осудуваат кога доаѓа од друга страна.
„Иронично е што истата порака тие самите ја карактеризираат како фашистичка кога е кажана кон нив, а сега се користи директно кон Влaдо Перев“, посочи Ковачев.
Според европратеникот, ваквиот наратив не само што влијае врз меѓуетничките и меѓудржавните односи, туку и ги оддалечува шансите на државата да напредува во процесот на пристапување кон ЕУ.
Дали становите во Скопје вредат толку? За истите пари може да купиш остров!
Агелер уверена: С. Македонија работи на вклучувањето на Бугарите во Уставот
Европскиот парламент побара забрана за социјални мрежи за тинејџери под 16 години
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

