16 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова, во интервју за Фактор.мк изјави дека главниот град Скопје е најдобар пример за тоа како, според неа, катастрофално се водат општините под водство на ДПМНЕ. Таа нагласи дека СДСМ на претстојните локални избори настапува со внимателно избрани кандидати за градоначалници и со конкретни решенија, кои се препознаени од граѓаните како квалитетна алтернатива.
Костова истакна дека во изминатите четири години, и покрај тоа што најголем дел од скопските општини и самиот град биле под раководство на ДПМНЕ, не се преземени сериозни мерки за подобрување на квалитетот на животот.
– „Скопје се гуши во смог, а актуелната власт ништо не презема. Во овие години сведочевме на кражби на нафта за греење на училиштата, дивоградби изградени од лица блиски до градоначалниците, како и на раст на цената на комуналните услуги без подобрување на нивниот квалитет“, рече Костова.
Потпретседателката на СДСМ се осврна и на отсуството на капитални инвестиции, потенцирајќи дека голем дел од општините дури не биле подготвени да аплицираат за средства од меѓународни фондови и кредити.
– „Општинските имоти се распродаваат за багателни суми на лица блиски до ДПМНЕ. Ниту еден градоначалник од нивните редови нема капитален проект што решава децениски проблеми или создава визија за иднината“, додаде таа.
Костова потсети дека градоначалниците од ДПМНЕ не ги реализирале програмите и ветувањата дадени во 2021 година.
– „Граѓаните треба силно и одлучно да го спречат понатамошното тонење на општините под вакво владеење. ДПМНЕ слободно може повторно да ги користи своите стари програми затоа што ништо не реализираа“, изјави таа.
Заклучувајќи, Костова нагласи дека СДСМ настапува со нова енергија, човечки пристап и професионален потенцијал, што според неа е вистинскиот избор за граѓаните кои сакаат развој и подобар живот во своите општини.
Бугарија – успешна приказна за економска интеграција и раст во Европската унија
Се проверува одговорноста за дозволата за складиште за отпад во Трубарево
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден