31 јануари 2026
• од Станча Јаќимовски
Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Косово соопшти дека донела одлука за забрана на увозот на овци и кози од Република Северна Македонија.
Одлуката е донесена врз основа на официјални извештаи од системот ADIS и Светската организација за здравје на животните (WOAH), според кои во Северна Македонија е потврдено присуство на болеста сипаници кај овци и кози, конкретно во регионот Липково.
„Во согласност со Законот за ветеринарство бр. 2004/21, се забранува увозот на живи животни од видот овци и кози, како и нивни нуспроизводи (кожа и волна), вклучително и производи од овие животни кои не се термички обработени или потекнуваат од Република Северна Македонија. Оваа мерка стапува на сила веднаш и ќе остане во важност сè до понатамошна проценка на состојбата од страна на релевантните меѓународни институции и Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Косово“, се наведува во соопштението.
Косовските власти истакнуваат дека мерката е преземена со цел заштита на здравјето на животните и спречување на ширење на заразната болест на нивната територија.
Не Бугарија, не Брисел – туку Мицкоски: вистинската причина за застојот кон ЕУ
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

