Кос: Албанија е остров на стабилност на Балканот
Еврокомесарката за проширување Марта Кос ја нарече Албанија остров на стабилноста на Западен Балкан и шампион на регионалната соработка, пишува Albania Post.
На заедничката прес-конференција со албанскиот премиер Еди Рама, Кос го пофали албанскиот моментум за затворање на преговорите во рокот до 2027 година и додаде дека тоа се одразува и во работата што Албанија неодамна ја направи за поглавјата од преговорите.
„Иницирањето и забрзувањето на реформите остануваат клучни“, рече Кос, издвојувајќи ги реформите во судството, за кои рече дека целосно ги поддржува.
„Реформа, која е камен-темелник за влез во ЕУ“, рече таа.
Високиот комесар на ЕУ јасно порача дека е сигурна оти реформите што ги спроведува Албанија ќе овозможат брзо да стане членка и посочи дека Европа ја сака Албанија во Европската унија.