Корубин: Македонските партии се ментално зависни од Србија
Во интервју за медиумите Никица Корубин, изнесе сериозна критика за состојбата со македонската политичка сцена, истакнувајќи дека голем дел од партиите во земјава се под влијание на српскиот политички модел, особено оној што го претставува владеењето на Александар Вучиќ.
„Кај нас може да се каже дека 90 проценти од политичките партии се во некаква релација или под влијание, или имаат опсесија, па дури и воодушевување од тоа како функционира власта на Вучиќ – таа авторитарна власт,“ изјави Корубин.
Според неа, проблемот не се сведува само на политичка или финансиска зависност, туку оди многу подлабоко – до менталитетот и вредносниот систем на дел од политичките елити.
„Станува збор за ментална зависност од Србија. Не е тоа само практична или идеолошка поврзаност, туку еден вид на почит, па и идолизирање на српскиот начин на владеење,“ предупреди тој.
Оваа негова изјава доаѓа во време кога се зголемува јавната загриженост околу влијанијата од надворешни актери врз домашната политика, особено во контекст на демократскиот развој и евроинтегративните процеси на С. Македонија.