25 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Истрагата во која е осомничен поранешниот прв вицепремиер Артан Груби е речиси целосно завршена и единствено што преостанува е неговата екстрадиција, изјави републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски во гостување во емисијата „360 степени“ на МРТ 1.
Коцевски посочи дека доказната постапка е комплетирана и дека Обвинителството располага со сите потребни материјали, вклучително и резултати од финансиска истрага. Сепак, тој нагласи дека институцијата нема информации за тоа каде се наоѓа Груби, бидејќи тоа не е во домен на нивните надлежности.
Осврнувајќи се на оценката во најновиот извештај на Европската комисија, каде се наведува дека „корупцијата останува распространета и претставува сериозна загриженост“, Коцевски истакна дека за ефикасна борба против овој феномен потребно е да се создадат соодветни услови.
„За вистинска борба против корупцијата потребни се истражители, истражни центри и форензичари кои ќе можат професионално да ги водат овие постапки“, рече обвинителот.
На прашањето дали Обвинителството вложува доволно напори во справување со корупцијата, земајќи ги предвид критиките од ЕК, Коцевски одговори дека институцијата работи интензивно и посветено.
„Обвинителството дава повеќе од максимум. Верувајте. Јавноста гледа со какви предмети се соочуваме и со каков обем на висока корупција работиме“, нагласи Коцевски.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

