26 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Осумдесет и двегодишен жител на Кичево го загуби животот по тешка сообраќајна несреќа што се случила во понеделникот наутро на булеварот „Ослободување“ во Кичево.
Според информациите на Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила околу 06:55 часот, кога патничко моторно возило марка „Цитроен Саксо“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од 18-годишниот Ф.Л. од Кичево, удрило во пешакот С.Ш. (82) кој се движел по обележан пешачки премин.
По ударот, возачот го напуштил местото на несреќата, но по околу 15 минути се вратил назад, без возилото.
Тешко повредениот пешак прво бил пренесен во Општата болница во Кичево, а потоа поради сериозноста на повредите бил транспортиран во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Лекарите се бореле за неговиот живот, но тој им подлегнал на повредите околу 21 часот истиот ден.
Од МВР информираат дека возачот е лишен од слобода и задржан во полициска станица. По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден