05 април 2026
• од Станча Јаќимовски
Католичките верници во С. Македонија и ширум светот денес го одбележуваат Велигден, најзначајниот празник во христијанскиот календар, кој го симболизира воскресението на Исус Христос и победата на животот над смртта.
Велигден ја претставува суштината на христијанската вера – надежта, обновата и вечниот живот. Според верувањето, три дена по неговото распнување на крстот, Исус Христос воскреснал, со што ја потврдил духовната сила и божествената природа, оставајќи длабока порака за човештвото.
Овој празник следи по 40-дневен период на пост, молитва и духовна подготовка, познат како Велики пост (Крешма). Во овој период, верниците се воздржуваат од одредени навики и се посветуваат на духовно прочистување и покајание.
Неделата што му претходи на Велигден, позната како Страсна недела, е исполнета со значајни настани од животот на Христос. Таа започнува со Цветници (Недела на палмите), кога се одбележува неговото свечено влегување во Ерусалим. Потоа следи Велики четврток, денот кога се потсетува на Тајната вечера, и Велики петок, денот на неговото распнување и жртва.
Со воскресението, Велигден ја носи пораката за нов почеток, надеж и духовна светлина, која ги обединува верниците ширум светот во верата и радоста.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

