Касами: Таравари ќе биде министер уште неколку дена
Тетовскиот градоначалник и еден од лидерите на Движењето БЕСА, Биљал Касами, изјави дека Арбен Таравари ќе остане министер уште неколку дена. Според него, во наредниот период се очекуваат конкретни активности од страна на премиерот Христијан Мицкоски во врска со ова прашање.
„Ќе видиме до кога, уште некој ден. Се договоривме за тајмингот на активностите кои ќе треба да се преземат во наредните денови. Но она што е важно и што го кажавме – нема соработка со ДУИ и Владата. Ова го договоривме со премиерот и, се разбира, ќе има конкретни активности во наредните денови,“ изјави Касами.
Останува да се види како ќе се развиваат настаните и дали во наредните денови ќе има официјална промена на позицијата на Таравари во владата.