03 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Со огномет, зурли, тапани и развиорени албански знамиња, на градскиот плоштад во Тетово вечерва беше одбележана изборната победа на коалицијата ВЛЕН. Стотиците граѓани се собраа заедно со партиските поддржувачи за да ја прослават победата на локалните избори.
На собирот им се обратија лидерите на коалицијата, кои ја истакнаа својата задоволност од постигнатиот резултат. Дел од говорниците порачаа дека е време лидерот на ДУИ, Али Ахмети, да се повлече од политичката сцена и да замине во пензија.
Кандидатот за градоначалник на Тетово, Биљал Касами, во своето обраќање ги наброја општините во кои коалицијата ВЛЕН оствари победа. Тој нагласи дека „заврши времето на деструктивни политики“ и најави дека следува период на реализација на нови проекти значајни за граѓаните.
Од штабот на ВЛЕН претходно соопштија дека резултатите во Брвеница и Кичево се пораз за ДУИ, посочувајќи дека за тоа одговорност треба да преземе лидерот Ахмети. Според нив, партијата има потреба од реформи и ново политичко раководство.
Шефот на изборниот штаб на ВЛЕН, Аднан Азизи, ја прогласи победата во сите општини каде што нивните кандидати учествуваа во вториот изборен круг, нагласувајќи дека тоа е почеток на нова политичка ера за албанскиот политички блок во земјата.
Назим Рашиди: Време е ВЛЕН да покаже транспарентност, а ДУИ да се реформира
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

