Изменет сообраќаен режим на експресниот пат Штип – Кочани на 21 мај (среда)
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека во среда, на 21 мај 2025 година, ќе биде воведен привремен изменет режим на сообраќај на експресниот пат А3 Штип – Кочани.
Во периодот од 09:00 до 12:00 часот, поради изведување на технички активности, сообраќајот на делницата од клучка Крупиште до клучка Кочани ќе биде пренасочен. Наместо по експресниот пат, возилата ќе се движат по стариот пат Штип – Кочани.
Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе го регулира и насочува сообраќајот, со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот за време на техничките зафати.
Министерството апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите од полициските службеници, како и важечките сообраќајни правила и прописи. Почитувањето на регулативата е клучно за одржување на безбедноста и редот на патиштата за време на изменетиот режим на сообраќај.