16 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
Директорот на ЈП „Железници инфраструктура“, Синиша Ивановски, информираше дека утринава е пробиен и последниот тунел од вкупно 15-те предвидени во рамки на втората делница од железничката пруга кон Бугарија, на потегот Бељаковце – Крива Паланка. Информацијата ја објави на својот фејсбук-профил, а истата ја потврдија и од Министерството за транспорт.
„Бележиме прогрес. Изутринава го пробивме и последниот тунел од вкупно 15-те од вториот дел од градбата на пругата кон Бугарија (Бељаковце – Крива Паланка). Пробивањето на тунелите се смета за една од поспецифичните градежни активности. На овој проект оваа позиција е веќе завршена“, напиша Ивановски.
Тој посочи дека, иако моменталниот прогрес од страна на изведувачот не е целосно според очекувањата, сепак најсложените и технички најпредизвикувачки сегменти од проектот постепено се надминуваат. Според него, во наредните месеци се очекува засилена оперативна динамика и повидлив напредок на терен.
„Очекувам месеци на посериозна оперативна активност и видлив прогрес“, наведува Ивановски во објавата.
Изградбата на железничката делница Бељаковце – Крива Паланка е дел од поширокиот проект за поврзување со Бугарија во рамки на Коридорот 8. Ивановски потенцира дека овој коридор има стратешко значење за Македонија и за НАТО, бидејќи овозможува инфраструктурно поврзување меѓу Јадранското и Црното Море.
Проектот претставува еден од клучните инфраструктурни зафати во државата, со кој се очекува подобрување на регионалната поврзаност, економската размена и транспортната ефикасност.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

