21 јануари 2026
• од Тодор Вангелов
Сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, а поради врнежи од снег се препорачува внимателно возење.
Екипите на ЈП Македонија пат се целосно ангажирани и со расположлива механизација и работна сила континуирано вршат расчистување на снегот. Во соработка со ЈП за државни патишта и Министерство за транспорт се спроведуваат координирани активности за обезбедување непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
Се препорачува користење на зимска опрема, почитување на сообраќајната сигнализација и прилагодување на брзината според условите на патиштата. Возачите се упатуваат редовно да се информираат за состојбата и условите на државните патишта преку официјалните информативни центри.
Координираните активности на надлежните институции продолжуваат и во наредниот период.
Зимска опрема
Од 15 ноември 2025 година важи законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на временските услови. Обврската трае до 15 март 2026 година.
Фреквенција на сообраќајот
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Предупредување
АМСМ укажува на потреба од прилагодена брзина и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои можност од појава на одрони. Ова се однесува и на делниците Катланово–Велес, Маврово–Дебар–Струга, Виница–Берово и Кочани–Делчево.
Сезонски режим на сообраќај
Патниот правец Охрид–Ресен преку Национален парк Галичица е затворен за сообраќај за сите видови возила во периодот од 21 ноември 2025 до 31 март 2026 година.
Работи на патиштата
Поради градежни активности, на повеќе патни правци е воведен изменет режим на сообраќај, меѓу кои делници на Коридор 10 (Прилеп–Битола), државниот пат А2 (скопска обиколница), експресниот пат Крива Паланка–Страцин, регионалниот пат Косоврасти–Мелнички Мост и делницата Гостивар–Стража. Сообраќајот се одвива согласно привремената сигнализација и времената регулација.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

