16 октомври 2025
• од Станча Јаќимовски
Во Струга е оштетена куќата-музеј на авторот на македонската химна, Владо Малески, која е заштитен споменик на културното наследство.
Според пријавата поднесена во полицијата на 15 октомври 2025 година околу 11 часот, лице од струшкото село Велешта при изведување градежни работи на улицата „Браќа Миладиновци“ со работна машина го поткопало темелот од јужниот ѕид на објектот. Со тоа е предизвикана материјална штета на куќата што претставува значајно културно добро.
На местото на настанот извршен е увид од страна на претставници на Националната установа „Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид“ и полициски екипи.
Откако ќе биде целосно расчистен случајот, против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава за делото „оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство“ согласно член 264 од Кривичниот законик.
Само што ни тргна: „Трансавиа“ ги укинува летовите меѓу Скопје и Амстердам
Филипче: Оваа влада не ги решава проблемите на граѓаните, туку ги игнорира
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден