11 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Основното јавно обвинителство – Скопје отвори истрага против полициски службеник за негово наводно учество во кражба на електрични кабли и оштетување на јавна инфраструктура во кругот на фабриката „Железара“. Осомничениот, кој е вработен во Министерството за внатрешни работи, се сомничи дека заедно со уште тројца соизвршители извршил тешка кражба, казниво дело според член 236 став 4 од Кривичниот законик.
Според обвинителството, во досегашната постапка се обезбедени докази кои укажуваат дека полицаецот активно учествувал во кражбата на високоенергетски и среднонапонски кабли од објектот на „Полуконти – ИГМ“ и подземните тунели низ кои поминува електрична енергија. Каблите, во сопственост на АД ЕСМ – Подружница енергетика Скопје и „Макстил“ АД Скопје, биле вредни околу 440.000 евра.
Осомничените, користејќи апарат за проверка на напон, се уверувале дека каблите не се под електрична струја, по што ги сечеле со батериска брусалка и ги складирале на влезот од тунелите. Во текот на дејствијата, на 9 април годинава, настанал пожар во трафостаницата ТС Југ, кој предизвикал дополнителна штета од над 100.000 евра. Поради дефектите, било прекинато и производството и дистрибуцијата на електрична енергија, што предизвикало дополнителна економска загуба од околу 60.000 евра.
Јавниот обвинител побарал мерка притвор и за полицискиот службеник, поради опасност од бегство, влијание врз сведоци и можност за повторување на делото. Неговите тројца соизвршители веќе се во притвор по предлог на обвинителството, а истрагата продолжува со собирање на докази и утврдување на сите околности поврзани со случајот.
Денес ја славиме Света Анастасија – жената што не се уплаши ни од меч ни од маки
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

