19 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Убиецот на Росица, Илија Стефановски, пред неколку години бил промовиран од Музејот на современа уметност (МСУ) во Скопје.
Иако во уметничките кругови постоеле информации и предупредувања дека Стефановски има проблеми со насилство врз жени и против него биле поднесувани пријави, раководството на МСУ во мај 2021 година решило негови дела и производи да бидат презентирани и ставени на продажба во книжарницата на музејот.
На 15 мај 2021 година, МСУ објавил дека во неговата книжарница се достапни продуктите на проектот „[0.10]error of harmony“ на Илија Стефановски. Станувало збор за бренд кој користи скејтбординг и „скејтерскиот лајфстајл“ како средство за социјална критика и уметнички израз преку архитектура, видео, фотографија, илустрации, инсталации, музика и модни парчиња.
Во објавата на музејот се нагласувало дека концептот на „грешка“ е појдовна точка за ново создавање и различен поглед на светот. Проектот бил претставен како поддршка за домашната и регионалната скејт сцена, спонзорство на млади таленти и организација настани.
Два месеци пред промоцијата, луѓе блиски до уметничките кругови во МСУ предупредиле дека Стефановски има проблеми со насилство врз жени. И покрај овие информации, раководството на музејот решило да го промовира неговиот проект.
Во тој период директорка на МСУ беше Мира Гаќина, кадар на СДСМ, која ја водеше институцијата од мај 2017 година, по именувањето од тогашниот министер за култура Роберт Алаѓозовски, па сè до нејзината оставка во 2023 година.
Во јавната објава на МСУ за проектот „error of harmony“ стоеше дека парчињата облека и аксесоари се инспирирани од уличната и скејт култура и претставуваат лимитирани производи. Приходите, според музејот, требало да бидат наменети за поддршка на нови проекти и млади таленти.
Покрај модните парчиња, во продавницата се нуделе и книги за скејтборд и сурф културата. Промоцијата била претставена како можност за развој на „различни профили уметници“ и поддршка на човековите права и родова еднаквост – парадоксално ако се земат предвид тогашните предупредувања за насилничкото минато на Стефановски.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден