16 декември 2025
• од Станча Јаќимовски
И оваа година на плоштадот во Скопје нема да има организиран новогодишен огномет. Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека во ноќта на дочекот на Новата година нема да се организира празнување со огномет, јавува ТВ21.
Ѓорѓиевски истакна дека целосно ја поддржува идејата новогодишната ноќ да се одбележи на поинаков, алтернативен начин, наместо со употреба на пиротехнички средства. Според него, иако постоеле поделени мислења во јавноста и во рамки на Советот на Град Скопје, градските власти не се надлежни за издавање дозволи за огномет.
„Категорично не дозволувам прослава со огномет. Иако имаше различни ставови околу ова прашање и иницијативи кои произлегоа од седница на Советот, ние не сме надлежни да даваме дозволи или одобренија. Познато е дека надлежноста е кај Министерството за внатрешни работи. Доколку тоа е во интерес на јавноста, јас ја поддржувам идејата наместо со огномет, да празнуваме на алтернативен начин. Да бидам прецизен, Град Скопје нема да користи огномет за прославата на Новата година“, изјави Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Град Скопје.
Со оваа одлука, градските власти повторно испраќаат порака за поддршка на побезбедни и поодговорни начини на празнување, имајќи ги предвид и граѓаните, животната средина и добросостојбата на животните.
ОЈО Скопје отвори предмет за „Зимзоленд“: Се испитува можна општа опасност
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

