26 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Новата кула на Водно, која неодамна беше осветлена, предвидува амбициозен план за иднината – ресторан со ротирачка платформа што ќе се врти за 360 степени во рок од еден час. Со тоа, посетителите би добиле уникатен панорамски поглед на Скопје додека уживаат во вечера.
Идејата за ваков објект предизвика бурни реакции на социјалните мрежи. Дел од јавноста ја гледа како атракција што може да го зголеми туристичкиот потенцијал на главниот град, но голем број граѓани алармираат дека со тоа сериозно би се нарушил природниот амбиент на Водно.
Инфлуенсерката Ина Многуфина саркастично прокоментира:
„Кај нас тоа ќе се врти со часови, ќе се расипе и никогаш повеќе нема да проработи. Но, важно ресторан ќе има.“
Дополнителни критики се однесуваат на можноста за отворање на Водно за автомобили, бидејќи жичарата има ограничено работно време, а рестораните вообичаено работат подолго.
„Сигурно никој нема да оди на вечера со жичара, бидејќи таа има пократко работно време од ресторан. Тоа значи отворање пат за коли, свадби, веселби, пијани возачи и паркирање по тревниците… толку од уживањето на врвот“, предупредува Многуфина.
Голем дел од јавноста бара властите внимателно да ја преиспитаат идната намена на кулата. Според нив, потребно е да се најде баланс помеѓу развојот на туристичката понуда и зачувувањето на природата и рекреативниот карактер на планината.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден