TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА

Граѓаните ќе ја следат потрошувачката на струја во реално време преку мобилен телефон

22 јануари 2026

• од Станча Јаќимовски

Дигитализацијата на енергетскиот сектор во земјава влегува во нова фаза, која треба да стави крај на долгогодишните сомнежи кај граѓаните дали сметките за електрична енергија се реални или паушални. Следниот голем чекор во овој процес е воведувањето на паметни броила (smart meters), кои ќе овозможат потрошувачката на струја да се следи во реално време преку мобилен телефон или онлајн платформа.

Ова го најави Апостолчо Рамов, раководител на Секторот за информатичка технологија и статистика во Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), кој говореше на Третата конференција за дигитализација, организирана од Американската стопанска комора.

Паметни броила како алатка за доверба

Според Рамов, законските измени од 2023 година ја позиционирале РКЕ како пионер во регионот во воспоставувањето јасни правила за сајбер безбедност во енергетиката. Во таа насока, регулаторната дигитализација ќе продолжи со анализа и имплементација на паметни мерни системи.

„Законот е веќе на сила, а операторите на пренос и дистрибуција имаат обврска да направат анализа за воведување на паметни броила. Целта е секој граѓанин сам да може да ја следи својата потрошувачка, без дилеми дали сметката е реална или претпоставена“, истакна Рамов.

Сајбер безбедноста – слабата алка во минатото

Анализите на РКЕ покажале дека до 2024 година ниту една енергетска компанија немала целосно имплементиран меѓународен стандард за сајбер безбедност. Дел од компаниите располагале само со локални политики и процедури, кои не биле доволни за континуирана заштита и надградба на безбедносните системи.

Во моментов, две енергетски компании веќе го имплементирале меѓународниот ИСО стандард за управување со безбедноста на информациите, додека уште три се во финална фаза. Како што беше посочено, приватните компании полесно го спроведуваат процесот, бидејќи не се обврзани на сложени тендерски постапки, како јавните претпријатија.

Обврски за енергетските компании

По налог на РКЕ, клучните енергетски компании веќе имплементираат сет мерки за зајакнување на отпорноста кон сајбер напади. Тие вклучуваат задолжително тестирање на критичната инфраструктура, примена на меѓународни безбедносни стандарди, формирање посебен буџет за сајбер безбедност, како и назначување офицер задолжен за оваа област.

Со овие чекори, регулаторот очекува значително зголемување на довербата кај граѓаните и поголема транспарентност во наплатата на електричната енергија, при што дигитализацијата се поставува како клучен фактор за модерно и безбедно управување со енергетскиот систем.

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
Последни вести
СВЕТ
23 јануари 2026

Банско и Боровец меѓу најдостапните ски-дестинации во Европа

МАКЕДОНИЈА
23 јануари 2026

ССМ излегува на улица на 28 јануари, ќе се бара минимална плата од 600 евра

МАКЕДОНИЈА
23 јануари 2026

Агелер се простува: Санкциониравме луѓе кои ве крадеа со години, а не беа казнети

СВЕТ
23 јануари 2026

Макрон: Единството на Европа го натера Трамп да се повлече околу Гренланд

МАКЕДОНИЈА
23 јануари 2026

Автобус на ЈСП удрил во пешак во Скопје

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
23 јануари 2026

Бугарија меѓу најприфатливите земји за живот во Европа: Софија со стабилен животен стандард

СВЕТ
23 јануари 2026

Николај Младенов: Иднината на два милиони луѓе во Газа зависи од нас

СВЕТ
23 јануари 2026

НАТО загрижено поради зголемената соработка меѓу Русија и Кина на Арктикот

ДРУГО
23 јануари 2026

Денес 23 јануари 2026 година е Свети Григориј, Епископ Ниски

СВЕТ
22 јануари 2026

Данска премиерка: Подготвени сме за разговори со САД, но не и за отстапување територија

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
22 јануари 2026

Бугарија привлекува нова голема инвестиција: 10 милиони евра за фабрика во Бургас

МАКЕДОНИЈА
22 јануари 2026

Давидовиќ: Пронајдените 350.000 евра во Неготино се од продаден имот за фотоволтаици

МАКЕДОНИЈА
22 јануари 2026

ДУИ: Северна Македонија назадува според индексот на корупција

МАКЕДОНИЈА
22 јануари 2026

77 милиони денари за храна во Идризово, студентите добиваат трипати помалку

СВЕТ
22 јануари 2026

Африкански ММА шампион чисти отпад во Софија: „Тука ќе останам“

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
22 јануари 2026

Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ и премиерот

МАКЕДОНИЈА
22 јануари 2026

СДСМ: Оската Мицкоски–Орбан–Вучиќ ја турка Македонија во изолација и медиумски мрак

СВЕТ
22 јануари 2026

Демирај: Аркан повторно маршира – српско-македонскиот фашизам на улица, Албанците во молк

СВЕТ
22 јануари 2026

Бугарија поканета, С. Македонија изоставена од „Одборот за мир“ на Трамп

МАКЕДОНИЈА
22 јануари 2026

Али Ахмети: Бугарите во Уставот се чекор кон стабилност и европска иднина

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
22 јануари 2026

Седум и пол години затвор за обид за убиство на бабата и шурата

МАКЕДОНИЈА
22 јануари 2026

С. Македонија пред ризик од изолација: новите правила на Шенген се закана за транспортниот и челичниот сектор

СВЕТ
22 јануари 2026

Австрискиот бизнис ја гледа Бугарија како стабилна и перспективна инвестициска дестинација

СВЕТ
22 јануари 2026

Со 10% расте трговската размена меѓу Бугарија и Јапонија во 2025 година

МАКЕДОНИЈА
22 јануари 2026

Атанасоски: Срамно е Косово, кое не е членка на ООН, да биде покането во Одборот за мир во Газа, а ние да останеме непоканети

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
22 јануари 2026

„Стратешко партнерство“: Македонија без покана од Трамп за „Одборот за мир“

МАКЕДОНИЈА
22 јануари 2026

19-годишна девојка прегазена на скопски булевар

МАКЕДОНИЈА
22 јануари 2026

Дел од приградските автобуси на ЈСП не сообраќаат до крајните дестинации

TEMU

Реклама

Ненадминливи Понуди Дневно

ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии

4.8 (10276 рецензии)


54 ден

206 ден
73% ПОПУСТ

Заштедете 152.00 ден

Купи сега