18 октомври 2025
• од Станча Јаќимовски
Во студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје се случил шокантен инцидент кој предизвика бурни реакции меѓу станарите и јавноста. Според информациите на „Слободен печат“, станар на 12-от кат од блок А во повеќе наврати тајно фотографирал студентки додека се тушираат, користејќи мобилен телефон скриен над параваните во бањите.
Според пријавата поднесена во СВР Скопје, 22-годишна студентка од Прилеп, која престојува во домот, на 16 октомври 2025 година околу 17 часот забележала мобилен телефон поставен над параванот додека се туширала. Девојката веднаш реагирала и случајот го пријавила во полиција.
Во полициската постапка, 22-годишниот А.М. од Богданци признал дека тој ги направил фотографиите. Тој е приведен во полициска станица, а при претрес му се одземени лаптоп и компјутер за понатамошна истрага. Полицијата информира дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување дали има и други оштетени девојки.
Станарите во студентскиот дом изразија големо незадоволство и шок поради случајот. Советот на станари бил информиран дека инцидентите се случувале повеќе пати и побара итна реакција од надлежните служби, како и воведување на построги безбедносни мерки во бањите и заедничките простории.
Од СВР Скопје потврдија дека истрагата е во тек и дека против осомничениот ќе бидат преземени соодветни законски мерки. Случајот повторно го отвори прашањето за приватноста и безбедноста во студентските домови, особено кога станува збор за заедничките простории каде младите треба да се чувствуваат сигурно и заштитено.
Само што ни тргна: „Трансавиа“ ги укинува летовите меѓу Скопје и Амстердам
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден