18 октомври 2025
• од Станча Јаќимовски
Новинарот и активист Фуркан Салиу денеска објави фотографии од снимачите во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде што се случи трагичниот настан што ја потресе Македонија. Според неговите наводи, уредите за видео надзор се целосно недопрени, но снимките од кобната вечер недостасуваат – што отвора сериозни прашања за текот на истрагата и одговорноста на институциите.
Салиу преку социјалните мрежи изрази револт и сомнеж во обвиненијата и доказниот материјал, наведувајќи дека случајот е конципиран така што ќе трае долго, а највиновните веројатно нема да одговараат.
„Иако е морална и човечка обврска на секој обвинител, судија, политичар, советник, инспектор и полицаец случајот во Кочани да се заврши брзо и тие деца конечно да ја добијат правдата, по увидот во доказниот материјал и обвиненијата сум убеден дека случајот е конципиран така што ќе трае долго, а луѓето кои се највиновни за оваа трагедија нема да одговараат,“ напиша Салиу.
Тој нагласи дека нема да замолчи за оваа трагедија:
„Извинете, луѓе, ама ќе морам уште да ви досаѓам со овој случај – сè додека не се побара вистинска правда,“ додаде тој.
Овие објави повторно ја разгореа јавната реакција околу најголемата трагедија во поновата македонска историја, со сè погласни барања за брза и транспарентна истрага, како и за одговорност на сите инволвирани институции.
Само што ни тргна: „Трансавиа“ ги укинува летовите меѓу Скопје и Амстердам
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден