11 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Професорот Љубомир Фрчковски во емисијата „Во Центар“ направи споредба помеѓу политичкото раководство на Македонија и Албанија, истакнувајќи дека Тирана е многу понапредна во евроинтегративниот процес.
„Еди Рама е за нив академик во политиката. Има еден став – ‘ќе направиме се, да седнеме рамноправно на масата на ЕУ’. Тоа е политика што треба и Мицкоски, и сите политичари во Македонија да ја споделат. Да направиме се да седнеме на рамноправна маса во политиката на ЕУ,“ изјави Фрчковски.
Тој нагласи дека ваквата посветеност кон евроинтеграцијата создава стабилност и економски бенефити за државите:
„Секое поглавје од процесот на ЕУ интеграција носи од 800 милиони до милијарда евра во грантови, не кредити. Не разбирам како некој може да им ја земе таа можност на граѓаните,“ истакна професорот.
Фрчковски остро ја критикуваше и моменталната влада, оценувајќи дека не ги користи можностите што стојат на располагање.
„Нормална влада би направила агенција при Владата која би правела само проекти и би се финансирала од нив. Тоа би биле експерти од 15 области – од земјоделство до култура – кои би подготвувале проекти. Но, овие тоа не го прават,“ рече тој, додавајќи дека поради тоа Македонија губи милијарди евра можни средства од ЕУ.
Денес ја славиме Света Анастасија – жената што не се уплаши ни од меч ни од маки
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

