01 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Северна Македонија е пред историска шанса – да стане дел од големото европско семејство. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во својата изјава од Софија испрати охрабрувачка порака: Европската Унија сака стабилен и безбеден Балкан во своите редови, а Македонија е клучен дел од таа приказна.
Фон дер Лајен беше децидна дека проширувањето останува врвен приоритет за Унијата. Поголема и посилна ЕУ значи повеќе безбедност, економски развој и европска иднина за граѓаните на Македонија.
„Проширувањето е во интерес на ЕУ. Поголема, поконкурентна и побезбедна ЕУ значи Европа со посилен глас во светот“, порача таа.
Ова е доказ дека Европа ја гледа Македонија како дел од заедничката иднина, само потребно е државата да ги заврши реформите и да покаже зрелост.
Од Брисел доаѓа јасен сигнал: без внесување на Бугарите во уставот нема отворање на вратите. Но тоа не треба да се гледа како понижување, туку како последен чекор што ќе ја ослободи Македонија од блокадите и ќе и даде зелено светло за целосни преговори.
Со оваа промена, земјата ќе покаже дека е подготвена да ги прифати европските вредности – почитување на различноста, толеранција и еднаквост на сите граѓани.
Иако патот до ЕУ е долг и исполнет со предизвици, Фон дер Лајен повтори дека Македонија има пријатели и партнери во Европа кои се подготвени да помогнат. „Мора да им дадеме можност слободно да изберат – дали сакаат да бидат дел од ЕУ или не“, рече таа.
Ова значи дека иднината е во наши раце – ако ја искористиме оваа шанса, Македонија ќе стане дел од европското семејство, што ќе донесе стабилност, инвестиции и подобар живот за секој граѓанин.
Пораките на Фон дер Лајен не треба да се доживуваат како закана, туку како поттик. Македонија е на чекор до најголемата историска цел – членство во ЕУ.
Сега е моментот државата да покаже единство, да ги донесе неопходните одлуки и конечно да го отвори патот кон европската иднина.
Голем успех за бугарските ученици на Меѓународната олимпијада по англиски јазик
Македонија останува без деца: За една деценија исчезнаа 27 илјади ученици
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден