21 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Корупцискиот скандал што ја потресе Албанија, а кој резултираше со суспензија на вицепремиерката и министерка за инфраструктура Белинда Балуку, добива и регионални димензии. Според информациите објавени од Специјалната антикорупциска структура – СПАК во Тирана, во повеќе спорни тендери се појавуваат и компании кои претходно биле активни и во Македонија.
СПАК соопшти дека Балуку е осомничена за местење тендерски постапки и злоупотреба на службена положба. Истражителите тврдат дека таа, заедно со членови на тендерските комисии, однапред ги договарала победниците во две крупни инфраструктурни процедури – изградбата на тунелот Логара и надворешната обиколница број 4 околу Тирана.
Во двата случаи, според обвинителството, биле фаворизирани конкретни компании и биле создадени неправични предности во процесот, со што се нарушила конкурентноста и се овозможило незаконско профитирање.
Балуку доби забрана за напуштање на земјата, а случајот се смета за еден од најзначајните удари на СПАК врз висок функционер во Албанија.
Во документите за јавните набавки што ги анализира СПАК се појавуваат и албанските фирми „ПЕ-ВЛА-КУ“ и „Ѓока Констракшн“. Двете компании во изминатите години биле поврзувани со спорни бизнис-проекти и во Македонија:
Овие поврзаности отвораат дополнителни прашања за регионалното влијание на овие компании и за потенцијални ризици од нивното делување и во други земји од регионот, вклучувајќи ја и Македонија.
Албанскиот премиер Еди Рама засега не одговори дали ќе ја разреши Балуку од функцијата. Наместо тоа, тој го критикуваше СПАК дека навлегува во ингеренциите на извршната власт, што предизвика нови дебати за односот меѓу институциите и борбата против корупцијата.
Истрагата продолжува, а се очекува проширување на мерките, како и можни нови откритија кои може дополнително да ја вклучат и Македонија во регионалниот корупциски мозаик.
Се проширува истрагата за трагедијата во „Пулс“: Опфатени лица од УЈП и ДПИ
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

