26 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Венко Филипче, остро ја критикува актуелната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски, обвинувајќи дека со нивните политики граѓаните се турнати во сиромаштија, а куповната моќ е сериозно нарушена.
Во својата објава на социјалната мрежа Фејсбук, Филипче посочува дека инфлацијата руши рекорди и изнесува 4,8%, што директно го намалува животниот стандард на граѓаните. Според него, ВМРО-ДПМНЕ го прекинале системот на континуирано зголемување на платите воспоставен од СДСМ, со што граѓаните денес се доведени на работ на преживување.
„Пред еден од најтешките месеци во годината, граѓаните се соочуваат со суровата економска реалност – сè е поскапено, а платите стагнираат“, истакна тој. Како доказ за економската тежина, ја посочи синдикалната потрошувачка кошничка за август, која изнесува над 65.000 денари – сума што дури и со две минимални плати не може да се покрие.
Филипче предупредува дека растот на реалната нето-плата, која ја мери куповната моќ на граѓаните, е помал од минатата година. Тој го критикува Мицкоски за „фалење со бројки и проценти“ за наводен раст на платите, и објаснува дека реалната плата во јуни пораснала само за 3,8%, додека минатата година со економските политики на СДСМ растот бил 11%.
„За прв пат по долго време имаме пад на просечната плата во споредба со претходниот месец. Ова е аларм што не смее да се игнорира“, потенцира Филипче.
Во својата порака, Филипче предупреди дека Македонија се претвора во земја на сиромаштија и неизвесност. Сепак, тој нагласува дека СДСМ ќе продолжи да се бори за подобрување на животниот стандард и враќање на економската стабилност.
Лидерот на СДСМ најави неколку конкретни мерки кои партијата ќе ги застапува:
„Битката за поголем приход е битка за достоинствен живот“, заклучува Филипче.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден