26 декември 2025
• од Станча Јаќимовски
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), д-р Венко Филипче, денеска на брифинг со новинарите остро ја критикуваше Владата на ВМРО-ДПМНЕ, обвинувајќи ја дека свесно и намерно ја држи државата изолирана од Европската Унија со цел да продолжат криминалот и корупцијата.
Според Филипче, актуелната власт поставува нереални и невозможни услови кон Европската Унија, кои служат како изговор за блокада на европскиот интеграциски процес. Тој посочи дека и европските институции и лидерите на најголемите европски држави јасно ставиле до знаење дека ваквите барања не можат да бидат исполнети.
„Оваа влада, очигледно поддржана од претседателката на државата – што можеше да се види и во нејзиното годишно обраќање – има барања кон ЕУ кои се практично невозможни. Тоа им е кажано од сите релевантни европски функционери и лидери“, изјави Филипче.
Тој потсети дека за време на седумгодишното владеење на СДСМ биле направени крупни и храбри државнички чекори, меѓу кои Преспанскиот договор, членството во НАТО, зацврстувањето на безбедноста и стабилноста на државата, како и отворањето на европската перспектива за Македонија.
Според Филипче, сегашната блокада на европскиот процес нема никаква врска со заштита на националните интереси, туку единствено служи за да се зачува системот во кој, како што рече, „цвета криминалот и корупцијата“.
„Зошто сега е запрен европскиот процес е едно од клучните прашања во јавноста. Одговорот е јасен – поради криминал и корупција. Со тоа што нема реформи во правосудството и не се отвораат вратите за европското обвинителство, овде непречено цвета криминалот и корупцијата на оваа страшно корумпирана власт“, нагласи Филипче.
Говорејќи за состојбата во другите сектори, претседателот на СДСМ оцени дека државата е целосно закочена. Како што истакна, не се донесени клучните 12 реформски закони, поради што Македонија губи или одложува значајни европски финансиски средства, за разлика од земјите во регионот како Црна Гора и Албанија, кои напредуваат на европскиот пат.
„Оваа влада нема ни волја, ни визија. Претседателката ги поддржува во тоа и тие се однесуваат како антидржавни елементи“, заклучи Филипче.
УЈП испрати околу 10.000 покани за пријавување доход остварен во странство
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

