19 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција упати силна порака дека судскиот процес за трагедијата во Кочани мора да биде целосно транспарентен и достапен за јавноста. Тој оцени дека ова судење претставува сериозен тест за зрелоста на македонското општество и за довербата во институциите.
Филипче истакна дека очекува отворен и јасен процес без простор за сомнежи или политички влијанија.
„Барам и очекувам процесот да се води отворено, транспарентно, пред очите на целата јавност“, нагласи тој.
Според лидерот на СДСМ, родителите на жртвите и целата македонска јавност заслужуваат да ја дознаат вистината. Тој додаде дека правдата мора да биде достапна и недвосмислена.
„Ова им го должиме на родителите, ова им го додолжиме на сите граѓани, ова го должиме на целото општество. Ова е еден голем тест за зрелоста во нашето општество“, истакна Филипче.
Во рамки на прес-конференцијата, тој потсети дека пратеничката група на СДСМ веќе иницираше формирање Анкетна комисија во Собранието, со цел детално да се истражи секој аспект од трагедијата.
„СДСМ ќе ги искористи сите демократски механизми за да се истражи секој детал од оваа трагедија“, додаде Филипче, нагласувајќи дека целта е воспоставување целосна транспарентност и одговорност.
Со овие пораки, Филипче уште еднаш го повика правосудниот систем да ја оправда довербата на граѓаните и да овозможи фер, коректен и професионален судски процес.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

