14 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, преку својот профил на Фејсбук упати остра реакција за начинот на кој институциите се справуваат со пожарот во фабриката за акумулатори во Трубарево и за опасноста по здравјето на жителите.
„Институциите итно мора да излезат со точни податоци дали и колку е загаден воздухот во и околината на Трубарево. Страшен е молкот и доцнењето во препораките, особено од здравствените власти“, напиша Филипче, критикувајќи ја неактивноста на надлежните.
Тој предупреди дека постојат индикации оти во пожарот се палат литиумски батерии и друг опасен отпад, што може да има сериозни последици по здравјето и животната средина. „Загрижувачки се дел од информациите кои пристигаат дека горат литиумски батерии и друг отпад кој е исклучително опасен“, нагласи тој.
Додека се чекаат официјални информации, Филипче им упати конкретни препораки на жителите во погодените подрачја.
„Препорачувам граѓаните во Трубарево и околните населби да носат маски, да не престојуваат на отворено без итна потреба и да земаат антиоксиданси за превенција“, истакна претседателот на СДСМ.
Филипче ја осуди реакцијата на институциите, оценувајќи ја како „неодговорна и апсурдна“.
„Апелирам до властите – крајно е неодговорно да се молчи во вакви случаи. Исто така е крајно неодговорно наместо решенија, одговорните да измислуваат приказни за хибридни напади, политички потпалени пожари и слично. Ова е надвор од секој здрав разум“, порача тој.
BULGARIA 2025: НАТО и Бугарија покажаа единство и сила во справувањето со кризи
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден