15 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Сериозната состојба по вчерашниот пожар во Трубарево бара итна и координирана реакција на институциите, порача лидерот на СДСМ, Венко Филипче. Тој предупреди дека одговорноста не завршува со гаснењето на пожарот, туку продолжува со справувањето со последиците кои може да бидат долгорочни и штетни за здравјето на населението.
Филипче побара задолжителни медицински прегледи за сите жители во и околу Трубарево, особено за оние кои биле директно изложени на чадот и токсичните гасови. Дополнително, тој нагласи дека мора итно да се направат лабораториски анализи на воздухот, почвата и водата со посебен акцент на диоксини, тешки метали и HF остатоци. „Тие резултати мора да бидат транспарентно објавени и достапни за јавноста“, порача Филипче.
Според него, државата има должност да обезбеди и психолошка поддршка за жителите, пожарникарите и сите кои биле на лице место, за да не останат сами со траумата.
Филипче смета дека сегашната заштитна зона од 400 метри е недоволна. Тој предложи воспоставување зона од 500 до 2 000 метри во која ќе важи јасен протокол за заштита на населението:
„Очекувам и мобилни мерни станици кои ќе мерат загадување во реално време, особено во правецот на ветерот. Потребно е и долгорочно следење на квалитетот на почвата и водата, со препораки дали може да се користат земјоделски производи и дали е неопходна дезинфекција на јавни површини“, додаде тој.
Лидерот на СДСМ побара и целосна истрага за тоа што се случило, зошто немало контрола и каде затаиле протоколите. „Луѓето очекуваат одговори и решенија, а не конфузни изјави и политички спинови“, напиша Филипче на својот фејсбук-профил.
Тој потсети дека граѓаните имаат основно човеково право да бидат заштитени од државата и да знаат што дишат и што внесуваат во својот организам.
Се проверува одговорноста за дозволата за складиште за отпад во Трубарево
Четворица повредени во пожарот во Трубарево – двајца на болничко лекување
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден