17 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, обвини дека поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, дејствува во корист на ВМРО-ДПМНЕ и придонесува за внатрешни поделби во партијата.
Одговарајќи на новинарско прашање, Филипче истакна дека не станува збор за различно мислење, туку за, како што рече, „процесно одработување“ во корист на политичкиот противник.
„Овде не станува збор за туѓо и поинакво мислење, затоа што и тоа мислење беше сослушано. Станува збор за процесно одработување за ВМРО-ДПМНЕ и за внатрешна поделба на партијата. По сите наши проверки, стигнавме до таков заклучок“, изјави Филипче.
Тој додаде дека Извршниот одбор на СДСМ ја донел одлуката едногласно, без ниту еден глас против.
Филипче нагласи дека единството на партијата е од суштинско значење во борбата против, како што рече, корупцијата и криминалот на ВМРО-ДПМНЕ, како и за зачувување на демократските вредности.
„Нема да дозволам да ја делат СДСМ, особено во услови кога имаме работа со криминална и корумпирана власт. Очигледен е падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ, додека ние бележиме раст. Единствено што можат да прават е да создаваат поделби во нашите редови“, рече тој.
Претседателот на СДСМ порача дека нема да дозволи, како што нагласи, преку поединци да се разединува партијата.
„Нема да дозволам ВМРО-ДПМНЕ преку разни поединци да ја ситни и дели СДСМ“, истакна Филипче.
Украден бакарен лим од покривот на црквата „Свети Великомаченик Ѓорѓи“ во Чаир
Маслото достигна 100 денари – граѓаните алармираат за поскапувања во маркетите
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

