28 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Претседателот на Венко Филипче испрати честитка по повод шестгодишнината од членството на Северна Македонија во НАТО, истакнувајќи дека влезот во Алијансата претставува историски момент и исполнување на клучен национален интерес.
Во објава на социјалните мрежи, Филипче нагласи дека државата стана членка на НАТО на 27 март 2020 година, оценувајќи го процесот како еден од најбрзите во историјата на Алијансата. Според него, тоа било овозможено благодарение на одговорните и државнички политики на тогашната влада предводена од СДСМ.
„Со одговорни и државнички политики, СДСМ ја внесе Македонија во НАТО, преку една од најбрзите процедури за членство во историјата на Алијансата. Со тоа обезбедивме сигурност, стабилност и трајна заштита за државата и за сите наши граѓани“, посочи Филипче.
Тој додаде дека во услови на зголемени глобални безбедносни ризици, значењето на оваа стратешка одлука денес е уште поочигледно. Според него, членството во НАТО претставува гаранција дека најмоќната воено-политичка алијанса во светот стои зад безбедноста на земјата.
Филипче порача дека придобивките од членството треба да се чуваат и унапредуваат, нагласувајќи дека евроатлантската ориентација останува клучен столб за стабилноста и иднината на државата.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

