27 декември 2025
• од Станча Јаќимовски
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, изјави дека Соединетите Американски Држави повторно го враќаат фокусот на Западен Балкан, што, според него, јасно се гледа преку најавата за посебен закон за специјални санкции против лица поврзани со криминал и корупција во регионот.
Филипче нагласи дека САД, како стратешки партнер на земјите од Западен Балкан, испраќаат силна порака дека борбата против корупцијата станува приоритет на меѓународната заедница.
„Значи, го враќаат фокусот тука на Балканот. И сега после тоа веќе е сè јасно што се случува. А што прави нашата власт во меѓувреме? Се грижи само за своите луѓе“, изјави Филипче.
Тој остро ја критикуваше актуелната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, обвинувајќи ја дека додека меѓународната заедница ја заострува борбата против корупцијата, Владата продолжува со сомнителни тендерски постапки.
„Видовме примери каде една компанија добива 161 тендер во вредност од 5,3 милиони евра. Друга компанија, со само двајца вработени, добива договори во износ од 9 милиони евра“, посочи Филипче.
Дополнително, тој информираше дека преку платформата на Антикорупцискиот тим на СДСМ и Истражувачкиот центар за коруптивни операции секојдневно пристигнуваат стотици документи и пријави за корупција во кои, како што рече, е вмешана власта.
„Секојдневно примаме стотици документи и пријави од граѓани, од вработени во јавни институции, па дури и од луѓе блиски и членови на ВМРО-ДПМНЕ, на кои очигледно им е преку глава од тоа што нивните другарки и другари го прават“, изјави Филипче.
Според него, овие информации јасно покажуваат дека корупцијата станува сериозен проблем кој бара итна и одговорна реакција, како од институциите, така и од целото општество.
Вселенскиот Патријарх ја пофали Бугарија за еврото со ликот на Свети Иван Рилски
Бујар Османи: Албанците се понижувани и заплашувани во државна институција
УЈП испрати околу 10.000 покани за пријавување доход остварен во странство
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

