26 декември 2025
• од Станча Јаќимовски
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, утрово на прес-конференција предупреди дека најавеното покачување на цената на електричната енергија ќе предизвика сериозен бран на поскапувања на сите производи и услуги, вклучувајќи ги и основните прехранбени намирници.
Според Филипче, зголемувањето од три денари по киловат-час е директна последица на, како што рече, потфрлањето на енергетскиот сектор и лошото управување со државните ресурси.
„Овие три денари покачување на струјата ќе повлечат поскапување на сите други продукти. Следи бран на огромни поскапувања на цените на сè, меѓу кои и елементарни намирници како леб, млеко и јајца. Во исто време, нема никаква најава за зголемување на платите“, изјави Филипче.
Тој додаде дека товарот од енергетската криза повторно ќе падне врз граѓаните, кои и онака се соочуваат со зголемени трошоци за живот.
Филипче се осврна и на застојот во европските интеграции на државата, оценувајќи дека причините лежат во корупцијата и отсуството на вистински реформи.
„Сето ова е резултат на корупција и криминал. Нема реформи во правосудството, не се отвораат вратите за европското обвинителство и така се пролонгираат корупцијата и криминалот“, рече тој.
Според лидерот на СДСМ, власта преку, како што ги нарече, „медиумски кујни“, создава вештачки проблеми со Бугарија преку извртување на фактите и спинување, со цел да се прикаже секој европски чекор како предавство.
„Целта е јасна – да нема европско правосудство и европски обвинители, за да продолжи да цвета криминалот и корупцијата“, истакна Филипче.
УЈП испрати околу 10.000 покани за пријавување доход остварен во странство
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

