МАКЕДОНИЈА

Филипче: Поддржуваме отворени листи, конечно граѓаните да ги изберат најдобрите кандидати

01 јули 2025

• од Станча Јаќимовски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска изјави дека неговата партија го поддржува концептот на отворени листи на изборите, со цел граѓаните директно да можат да го изберат најквалитетниот кандидат.

Во одговор на новинарско прашање, Филипче истакна дека СДСМ е подготвен да разговара и за промени на изборниот модел, вклучително и за можноста за една изборна единица, но додаде дека таквата одлука мора да се донесе со поширок политички консензус.

„Ние сме спремни да седнеме и да разговараме за промена на моделот, да се разгледа опцијата за една изборна единица, но тоа бара консензус бидејќи различни се ставовите на помалите и поголемите партии,“ рече Филипче.

Тој потенцираше дека малите партии имаат легитимни аргументи кои мора да се слушнат, но додаде дека отворените листи би овозможиле граѓаните навистина да ги изберат најдобрите луѓе.

„Сметам дека листите треба да бидат отворени и конечно да се гласа за секој еден кандидат, без разлика на неговата позиција на листата. Така ќе дадеме можност вистински квалитетни луѓе да бидат препознаени од граѓаните и да влезат таму каде што припаѓаат,“ посочи тој.

Филипче најави дека оваа тема ќе се отвори повторно пред следниот циклус на парламентарни избори, со цел, како што рече, изборниот процес да биде поправеден и подемократски.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

GoFundMe icon

© 2025. Сите права запазени