01 јуни 2025
• од Гоце Кически
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на младинска трибина во Струмица упати јасна порака за обединување и зацврстување на европскиот пат на Северна Македонија, потенцирајќи дека евроинтеграцијата носи конкретни придобивки за целото општество, особено за младите.
„Бенефитот од влезот во Европа е многустран. Економски напредок, фер судство, тоа се повисоки плати, подобри услови за живот“, истакна Филипче.
Тој додаде дека евроинтеграцијата не треба да се гледа како апстрактен политички проект, туку како вистинска борба за подобар живот и задржување на младите во земјата.
„Кога млад човек ќе види дека државата му нуди фер систем, тогаш ќе остане овде. Ако не сториме ништо, ќе изгубиме уште илјадници талентирани млади луѓе. Тоа не смее да се дозволи“, потенцираше лидерот на СДСМ.
Филипче ја нагласи посветеноста на социјалдемократите на европскиот пат.
„Наша обврска е да ја однесеме Северна Македонија таму каде што припаѓа – во европското семејство на народите“, рече Филипче.
Настанот во Струмица беше дел од серијата активности на СДСМ со цел мобилизација и ангажирање на младите во процесите на европска интеграција.