МАКЕДОНИЈА

Филипче: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ја урнисаа економијата, а сега цитираат библија во Будимпешта

01 јуни 2025

• од Гоце Кически

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, остро го критикуваше премиерот Христијан Мицкоски и неговата влада за економските и социјалните политики, обвинувајќи ги за урнисување на македонската економија и загрозување на иднината на младите.

„Залудно е што премиерот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ во Будимпешта ја цитираат Библијата кога дома ја урнисаа економијата, направија цените да растат без контрола, ја задолжија државата и ја одземаат иднината на младите“, порача Филипче на трибината со социјалдемократската младина во Струмица.

Според Филипче, политиките на Владата довеле до неконтролирано зголемување на цените, намалување на субвенциите во земјоделството, како и до енормно задолжување од седум милијарди евра. „Направија сè за тие седум милијарди да ги добијат однапред договорени странски компании, а подизведувачи да им бидат ВМРО-ДПМНЕ“, истакна Филипче.

„Вчера го слушам премиерот во Будимпешта, ја цитира библијата. Сакав да му порачам дека ако продолжи вака, ни Господ нема да му помогне“, додаде тој.

Претседателот на СДСМ нагласи дека младите генерации ќе ја сносат тежината на овие погрешни политики, и ја потенцираше потребата Северна Македонија да се врати на европскиот пат и да биде дел од европското семејство на народите.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

© 2025. Сите права запазени