13 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, остро реагираше поради серијата пожари што ја потресуваат Македонија и главниот град, истакнувајќи дека состојбата излегува целосно од контрола и ја загрозува безбедноста и здравјето на граѓаните.
Во изминатите денови, земјата се соочува со серија инциденти кои според Филипче претставуваат еколошка и безбедносна катастрофа.
„За неколку дена изгореа две фабрики, а веќе две недели власта не успева да ги изгасне депониите Дрисла и Вардариште,“ предупреди тој.
Филипче нагласи дека Скопје буквално дише канцерогени материи, додека институциите се покажуваат како нефункционални и неспособни да одговорат на кризата.
По последниот пожар во фабриката за акумулатори во Трубарево, Филипче повтори дека не станува збор за изолирани инциденти, туку за сериозен системски проблем.
„Скопјани се трујат во канцерогени материи,“ истакна тој, обвинувајќи ја власта за целосна институционална парализа.
Во својата реакција, лидерот на СДСМ оцени дека државата се претвора во хаотично и небезбедно место:
„Државата наместо горда, стана држава во хаос. Наместо твоја, Македонија изгоре,“ напиша тој, алудирајќи на неспособноста на институциите да ја заштитат јавноста.
Филипче на крајот алармираше дека Македонија станува опасно место за живеење, предупредувајќи дека продолжувањето на оваа состојба го става во ризик секојдневниот живот на граѓаните.
BULGARIA 2025: НАТО и Бугарија покажаа единство и сила во справувањето со кризи
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден