01 март 2026
• од Гоце Кически
Венко Филипче денеска на прес-конференција остро ја критикуваше економската политика на Владата предводена од Христијан Мицкоски, оценувајќи дека земјата се соочува со „историски пад“ на директните странски инвестиции и сериозен ризик за работните места.
Според претседателот на Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ), во 2025 година странските инвестиции се намалени за 729 милиони евра во однос на 2024 година, што, како што рече, претставува пад од 61 процент.
Филипче се повика на последните податоци од Народна банка на Република Северна Македонија, според кои во 2024 година биле регистрирани рекордни 1.196.000.000 евра директни странски инвестиции, додека во 2025 година таа бројка изнесува 467 милиони евра.
„Ова е практично резултатот на економската политика на оваа Влада – едноставно дебакл“, изјави Филипче, додавајќи дека економијата „тоне“, а граѓаните сѐ потешко се справуваат со секојдневните трошоци.
Тој оцени дека падот на инвестициите не е само статистички показател, туку директно се одразува врз пазарот на трудот и животниот стандард.
Според Филипче, неколку странски компании веќе донеле одлуки што негативно влијаат врз вработеноста. Тој посочи дека германската компанија Актив официјално потврдила повлекување од Скопје, со што 400 до 500 работници остануваат без работа.
Дополнително, во фабриката Дура се кратат производни линии, додека Магна го стопирала претходно најавеното проширување. „Практично илјадници работни места се под ризик“, рече тој.
Филипче направи споредба со периодот кога СДСМ беше на власт, наведувајќи дека тогаш, како резултат на, како што рече, „правилни економски политики“, биле отворени 16 нови фабрики преку директни странски инвестиции.
Меѓу компаниите ги спомена Гересхајмер, Магна, Леар и ДНЗ, при што, според него, биле генерирани над 10.000 нови работни места во технолошко-индустриските развојни зони.
„Разликата е кристално јасна – ние отвoравме фабрики и обезбедувавме добро платени работни места, а сега работниците се соочуваат со неизвесност и егзистенцијални проблеми“, изјави Филипче.
Израелската армија соопшти за најголемата воздушна операција во својата историја
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

