02 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за Радио Слободна Европа изјави дека Европски парламент во својот извештај за Северна Македонија ја констатирал, како што рече, „оската Мицкоски–Орбан–Вучиќ“, посочувајќи дека ваквите врски придонесуваат за сериозна меѓународна изолација на државата.
Филипче нагласи дека оценките не се партиски став, туку, според него, се нотиран заклучок на европските институции, официјално внесен во извештајот.
„Тоа стои напишано во извештајот на Европскиот парламент. Тоа го констатирале европските институции, а ние сме само сведоци дека секојдневно се случува. Тоа го кажува Европа, констатирано е од страна на Европскиот парламент, внесено е официјално во извештајот за Северна Македонија, а ние само го аргументираме дополнително со вакви случки за коишто, внимавајте, во ниту еден момент нема демант од нашата влада“, рече Филипче.
Филипче наведе неколку примери со кои, како што рече, се поткрепува оваа оценка. Тој се осврна на заем од една милијарда евра поврзан со унгарски извори и со Виктор Орбан, за кој тврди дека е земен и потрошен без соодветна транспарентност и отчетност.
„Врската со Орбан преку кредитот којшто стигна од сомнително потекло од милијарда евра, за којшто никој не знае, ниту кажува каде се парите. Очигледно дека се потрошени. Нема никаков отчет, целосно нетранспарентно за земање на тој заем и уште понетранспарентно трошење на милијарда евра коишто ќе ги враќаат следните генерации“, изјави Филипче.
Тој посочи и на, како што рече, влез на сомнителен капитал од Србија, конкретно преку Алта банка, за која тврди дека претходно била одбиена во обид да влезе на пазар во земја членка на ЕУ.
Во изјавата, Филипче се осврна и на, како што рече, видливи релации со Русија на ниво на вицепремиер, алудирајќи на контакти со лица блиски до Владимир Путин.
„Каква е таа релација на вицепремиерот Стоилковиќ со луѓе блиски на Путин, со средби со ноќните волци, луѓе блиски до Путин? Пазете, вицепремиер во државата го прави тоа“, рече Филипче.
Од СДСМ оценуваат дека ваквите релации, како што ги опишува Филипче, ја оддалечуваат земјата од европскиот пат и ја позиционираат во, како што велат, „неформален сојуз“ со политички актери кои имаат тензични односи со Европската Унија.
Од Владата засега нема официјален одговор на изнесените обвинувања.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

