26 декември 2025
• од Станча Јаќимовски
Во Собранието денеска се одржа жестока расправа меѓу премиерот Христијан Мицкоски и лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, околу енергетската криза и најавите за зголемување на цената на електричната енергија.
На седницата посветена на пратенички прашања, Филипче ја обвини Владата дека и по две години на власт не презела доволно мерки за зајакнување на домашното производство на електрична енергија. Според него, државата сега е принудена да увезува скапа струја и да прогласува кризна состојба, што директно се одразува врз трошоците на граѓаните.
Тој го праша премиерот зошто токму сега е неопходно зголемување на цената на електричната енергија, предупредувајќи дека тоа ќе предизвика верижна реакција и дополнителен раст на другите цени.
„Како ја водите државата, како сме блокирани и очигледно сме го напуштиле патот кон европските интеграции, како немате намера да спроведете ниту една конзистентна политика. Јас сум од Охрид, знаеме каде може да се скока, а каде не. Вие очигледно сте скокнале – како ќе пливате понатаму, размислете за тоа“, изјави Филипче.
Во одговорот, премиерот Мицкоски оцени дека станува збор за, како што рече, „интересна ПР-стратегија“, додавајќи иронично дека настапот на Филипче наликува на Левица „нарачана од Алиекспрес“.
Мицкоски потенцираше дека Комисијата за регулирање на енергетика и водни услуги (КРЕ) е независно тело утврдено со закон и Устав, поради што, како што рече, не гледа зошто прашањето за цената на струјата му се поставува нему.
„Мислам дека ова прашање треба да му го поставите на Марко Бислимоски, чиј брат сега е ваш соработник во Извршниот одбор на СДСМ. Верувам дека тој ќе ви даде попрецизен одговор од мене“, изјави премиерот.
Тој воедно ја обвини СДСМ за манипулации со јавноста во врска со тврдењата дека цената на електричната енергија ќе се зголеми за повеќе од 5, па дури и над 10 проценти.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

