Европскиот парламент ја повика РСМ да се придржува до добрососедството со Бугарија
ЕП ќе повика на брз напредок во преговорите, притоа истакнувајќи ја важноста од усвојување на договорените уставни амандмани, вели известувачот на Комитетот за надворешни работи на ЕП за земјава, Томас Вајц.
Европскиот парламент ја повика РСМ да се придржува до билатералните договори со Грција и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија, пренесува Фокус.
Северна Македонија продолжува да демонстрира посветеност на интеграцијата во ЕУ и усогласување со политиките на Унијата, така што Европскиот парламент ќе повика на брз напредок во пристапните преговори, притоа истакнувајќи ја важноста од усвојување на договорените уставни амандмани, вели известувачот на Комисијата за надворешни работи на ЕП за земјава, Томас Вајц, во нацрт-извештајот што го виде МИА.
Сепак, Скопје мора да ги усвои преостанатите уставни реформи за да обезбеди брз напредок во преговорите за пристапување во ЕУ.
ЕП, исто така, ги истакна клучните области каде што се потребни понатамошни реформи. Меѓу нив се: зајакнување на владеењето на правото, гарантирање на независноста на судството, борба против корупцијата, зголемување на транспарентноста на јавната администрација и модернизирање на изборните правила.