TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА

ЕУ подготвува нацрт-заклучок: Бугари во Устав како услов за продолжување на преговорите

01 декември 2025

• од Станча Јаќимовски

Во нацрт-заклучоците што ги подготвува Европскиот совет за претстојниот декемвриски состанок, Македонија повторно се повикува да ја исполни преземената обврска – да ги спроведе уставните измени за да може преговарачкиот процес да се деблокира и да се одржи нова меѓувладина конференција без одлагање.

Поддршка за интеграцијата, но и охрабрување за побрзи реформи

Според документот, Советот на ЕУ ја поздравува посветеноста на земјата кон европската интеграција и ја охрабрува да ги засили напорите за реформи, особено во областите кои се клучни за пристапниот процес. Во заклучоците се истакнува дека земјата „сè уште не ги завршила уставните измени што ги прифатила“, со што останува главниот услов за продолжување на преговорите.

Европската комисија и Европскиот совет потврдуваат дека се подготвени да свикаат нова меѓувладина конференција „без понатамошни одложувања или нови политички одлуки“, веднаш штом земјата ги заврши уставните измени согласно своите внатрешни процедури.

Уставни измени и регионални обврски

Македонија во јуни 2022 го прифати таканаречениот Францускиот предлог, одобрен од сите земји-членки. Согласно преговарачката рамка, Бугарите мора да се вклучат во преамбулата на Уставот и во деловите што се однесуваат на заедниците, а земјата да се придржува до Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 и неговите протоколи.

Во текстот се подвлекува и потребата од „брза и решителна акција“ за исполнување на критериумите од првиот кластер „Фундаментални вредности“, особено владеењето на правото.

Владеење на правото: Без напредок, потребна решителна акција

Во делот за реформите, Советот се повикува на наодите од последниот извештај на Европската комисија во кој е наведено дека „немало напредок во областа на владеењето на правото“ во текот на изминатата година.

Заклучоците ја нагласуваат и потребата од заштита на независноста и интегритетот на судството. Земјата се повикува да го зајакне Судскиот совет согласно препораките од 2023 и мислењето на Венецијанската комисија.

Советот и Европската комисија исто така инсистираат на зајакнување на борбата против корупцијата и организираниот криминал, особено преку ефективни истраги, пресуди и конфискација на имот во случаи на корупција од високо ниво.

Нов Кривичен законик како приоритет

Во документот, Европскиот совет ја повикува земјата да усвои нов Кривичен законик усогласен со правото на ЕУ и меѓународните стандарди. Законикот се очекува да ги адресира и измените од септември 2023 кога беа намалени казните за злоупотреба на службената должност, што доведе до застарување на бројни судски процеси.

Напредок, но и задачи во администрацијата и границите

Во останатите пасуси, се очекува Фронтекс да биде споменат позитивно заради соработката во граничното управување, а да се поздрави и координацијата на земјата со ЕУ во надворешната политика и санкциите.

Нацрт-документот забележува напредок и во реформата на јавната администрација, но подвлекува дека модернизацијата и зајакнувањето на капацитетите мора да продолжат.

Усвојување на заклучоците кон средината на декември

Се очекува земјите-членки да ги усвојат нацрт-заклучоците едногласно на 16 декември во Брисел. Текстот се базира на извештаите на Европската комисија објавени во ноември и се однесува и на другите земји од Западен Балкан: Албанија, Црна Гора, Србија, Косово и Босна и Херцеговина, како и на Украина, Молдавија и Грузија.

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
Последни вести
ВРЕМЕ
01 декември 2025

Снег и сонце на Родопите: Пампорово ги пречекува македонските скијачи со 10 см снежна покривка

МАКЕДОНИЈА
01 декември 2025

Арсовска: Политичарите наместо идеи нудат омраза за да создадат раздор

СВЕТ
01 декември 2025

Жељазков: Бугарија не отстапува од условот за уставни измени за напредок на Скопје кон ЕУ

МАКЕДОНИЈА
01 декември 2025

Со палки, солзавец и остар предмет нападнати петмина работници во Сарај

СВЕТ
01 декември 2025

Рубио: Има уште многу работа до мирот во Украина

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
01 декември 2025

Директорот на Фонд за ПИОМ: Одлуката за пензиите е донесена, сега правната пресметка е во Уставниот суд

МАКЕДОНИЈА
01 декември 2025

Три лица обвинети за закани кон градоначалникот на Кавадарци

МАКЕДОНИЈА
01 декември 2025

Од денес започнува снимањето по градови со Сејф сити!

МАКЕДОНИЈА
01 декември 2025

Источниот сосед сѐ уште „главен непријател“ – мит кој преживува благодарение на пропаганда

ДРУГО
01 декември 2025

Денес се чествува Светиот маченик Платон Анкирски

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
30 ноември 2025

Бугарскиот град Пазарџик е домаќин на меѓународниот вокален конкурс ,,Нота по нота"

МАКЕДОНИЈА
30 ноември 2025

Љубчо Георгиевски: Нафтоводот се пушта за „српски свет“ – каде е македонската корист?

МАКЕДОНИЈА
30 ноември 2025

Еди Рама го игнорира Билал Касами на прославата на 28 Номври

МАКЕДОНИЈА
30 ноември 2025

Пациентка пријавила лекарка за нестручно лекување и фалсификување на медицински документи во Тетово

МАКЕДОНИЈА
30 ноември 2025

Полицијата казни 12 возачи во Скопје за време на прославата на Денот на албанското знаме

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
30 ноември 2025

Родителите од Кочани: Не не поставија рамо до рамо со обвинетите – за нас ова е понижување

МАКЕДОНИЈА
30 ноември 2025

Вработена во продавница во склоп на основно училиште во Чаир нападнала 13-годишно дете

МАКЕДОНИЈА
30 ноември 2025

Филипче предупредува: Пензионерите се во ризик, фондот е празен

МАКЕДОНИЈА
30 ноември 2025

Левица: Власта го одби амандманот за ин-витро ваучери, грижата за наталитетот им се празни зборови

МАКЕДОНИЈА
30 ноември 2025

ДУИ: Апсењето на Арди Саити е акт на албанофобија и нарушување на правата на Албанците

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
30 ноември 2025

Водоводни проблеми во Скопје: Кои населби ќе останат без вода?

ДРУГО
30 ноември 2025

Денеска се празнува Свети Григориј Чудотворец, епископ Неокесариски

МАКЕДОНИЈА
29 ноември 2025

Прилеп: Родител не сакаше неговото дете да учи со ученици Роми, предизвика скандал во училиштето

МАКЕДОНИЈА
29 ноември 2025

Ахмети: Споменикот на Скендербег ќе биде вечен симбол на слободата и националната гордост

МАКЕДОНИЈА
29 ноември 2025

ФЕНИ во целосен застој – изгасната печката, работниците без плати и иднина

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
29 ноември 2025

Филипче: Намаленото производство на струја ја турка државата во криза, цената ќе ја платат граѓаните

МАКЕДОНИЈА
29 ноември 2025

Бугарија со нова голема инвестициона програма за поддршка на бугарската заедница во Северна Македонија

СВЕТ
29 ноември 2025

Бугарија e лидер на Балканот во складирање енергија со над 1500 MWh оперативен капацитет

TEMU

Реклама

Ненадминливи Понуди Дневно

ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии

4.8 (10276 рецензии)


54 ден

206 ден
73% ПОПУСТ

Заштедете 152.00 ден

Купи сега