16 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Помина точно една година од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, која останува запаметена како една од најтешките несреќи во поновата историја на Македонија. Во пожарот што избувна во раните утрински часови животот го загубија 63 млади лица, а повеќе од 200 беа повредени.
Една година подоцна, болката кај семејствата и блиските на жртвите не стивнува. Во меѓувреме, судскиот систем сè уште се обидува да ја утврди вистината преку судска постапка во која обвинетите ја негираат вината, сведоците ги изнесуваат своите искази, а родителите на загинатите продолжуваат да ја бараат правдата за своите деца.
Ноќеска, точно во 2:30 часот – времето кога започна пожарот во дискотеката „Пулс“ – на местото на трагедијата им беше оддадена почит на жртвите. На комеморативниот собир присуствуваа семејствата на загинатите, нивни пријатели, граѓани, како и претставници на граѓанското движење „Кој е Следен“.
Со свеќи, цвеќе и тишина, присутните се потсетија на младите животи кои прерано згаснаа. Оддавањето почит за жртвите во „Пулс“ продолжува и во текот на целиот ден, со повеќе активности и собири во знак на сеќавање и солидарност.
Годишнината од трагедијата повторно ја отвора и болната тема за одговорноста, безбедноста и правдата – прашања на кои семејствата на жртвите и јавноста сè уште очекуваат јасни одговори.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

