македонија20 февруари 2025 ДЗР утврди слабости во реализацијата на мерките за вработување
Државниот ревизор утврди слабости во реализацијата на мерките за вработување, но забележал и нерамномерна распределба на парите.
Во последниот извештај за Агенцијата за вработување, во 2023-та година, за надоместок во случај на невработеност се исплатени 21 милион евра, помалку од претходната година. Но, дел од документацијата била некомплетна или била подоцна доставена, што укажува на неажурност на центрите за вработување.
За реализација на 14 мерки и програми за вработување се потрошени 20 милиони евра, за 13 проценти помалку отколку во 2022-та. Не бил почитуван принципот на рамномерен регионален развој – во Скопје и во западниот регион се трошеле повеќе пари отколку во централниот и источниот дел од земјата. За стекнување Ај-Ти вештини се потрошени 1,4 милиони евра, ама само 22 проценти од андидатите го положиле испитот.