15 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Попладнево во Велес се случи трагедија што ја потресе јавноста – двојно убиство проследено со самоубиство, дознава неофицијално Инфомакс.
Според првични информации, двајца луѓе биле убиени од страна на поранешен невенчан сопруг на една од жртвите. По чинот, осомничениот извршил самоубиство.
Жртвата, како што пренесуваат извори од терен, повеќепати го пријавувала во полиција поради закани кон нејзиниот и животот на нејзиниот татко. Во минатото бил регистриран и инцидент во кој било запалено возилото на жената.
Осомничениот наводно претходно ја претепал жртвата во нејзиниот дом заедно со нејзиниот нов дечко. Според изворите, при поднесување пријави, жената предупредувала дека полицијата не презема ништо и дека насилникот може да ја убие.
Од СВР Велес најавија дека во текот на денешниот ден ќе соопштат повеќе информации околу случајот.
Се проверува одговорноста за дозволата за складиште за отпад во Трубарево
Четворица повредени во пожарот во Трубарево – двајца на болничко лекување
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден