09 јануари 2026
• од Станча Јаќимовски
Двајца триесетгодишни мажи од Скопје се пронајдени мртви во викендичка во гостиварското село Горна Ѓоновица, информираат надлежните институции.
Случајот бил пријавен во полицијата доцна синоќа, непосредно пред полноќ, по што на местото на настанот веднаш била испратена полициска екипа. По пристигнувањето, лекар ја констатирал смртта на двете лица, при што, според првичните информации, не биле забележани видливи траги на насилство.
Станува збор за лица со иницијали Т. Ј. и И. Н., двајцата на возраст од 30 години. По наредба на јавен обвинител, телата се предадени на обдукција, која треба да ја утврди точната причина за смртта.
Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и полициска екипа од СВР Тетово. Надлежните институции работат на целосно расчистување на случајот, а повеќе информации се очекуваат по завршувањето на обдукцијата.
14,4 милиони денари за патување: Пратениците се возат на грбот на граѓаните
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

